Top Sport

Мерцедес ја прославија титулата со посвета за Лауда

Денеска беше ден за славје во фабриките во Бриксворт и Брекли во Велика Британија, каде што Мерцедес Ф1 ја прослави петтата двојна титула кај возачите и кај конструкторите со посебна посвета за нивниот не-извршен директор Ники Лауда, кој се опоравува од трансплантацијата на белите дробови.

Мерцедес стануваат само вториот тим кој освоил пет титули во низа (покрај Ферари), откако Луис Хамилтон триумфираше на Бразилското ГП за да ја запечати и титулата кај конструктори по освојувањето на индивидуалната титула во Мексико. Со ова се потврдува доминацијата на „Сребрената стрела“ во В6 турбо-хибридната ера, и ваков успех во Ф1 е виден само еднаш, кога Ферари со Михаел Шумахер освои пет титули од 2000 до 2004.

Со црвени капчиња какви што обично носи трикратниот светски шампион Ники Лауда, вработените во тимот го поздравија и му посакаа брзо опоравување на Австриецот, кој беше на операција во август.

„Денеска, му оддаваме посебна почест на Ники, кој сигурно би ни порачал да не бидеме толку ’проклето емотивни’, но навистина ни недостига и едвај чекаме да го видиме. Ова беше прекрасна сезона за нас со многу променлива форма, но сезона која не направи посилни. Кој можеше да замисли дека пред неколку години можевме да ја прославиме петтата двојна титула“, вели шефот на тимот Тото Волф.

Scroll to Top