Top Sport

Велбек вети дека ќе се врати посилен

И покрај некои прогнози кои велеа дека повредата може да значи крај на кариерата, Дени Велбек прати порака дека не се откажува и дека планира да се врати посилен.

27-годишниот Велбек го скрши скочниот зглоб во хорор-инцидент во мечотт на Арсенал против Спортинг Лисабон на „Емирати“ и во текот на викендот беше опериран, иако никој не може да прогнозира кога ќе може да се врати.

Велбек се „јави“ на Твитер со порака: „Назад дома, благодарам за поддршката и љубовта. Не се сомневајте дека ќе се вратам посилен од било кога. Опоравувањето почнува сега“.

Хорор повреда за Дени Велбек! (видео)

Scroll to Top