Top Sport

Мерцедес ја завршиле „истрагата“ за нелегалностите на моторот на Ферари

Тимот на Мерцедес ја завршил истрагата по која Ред бул побарале да ги разјаснат правилата за моторите на Американското ГП во Остин, по што Ферари морале да „интервенираат“ на својот мотор.

Иако Ферари постојано демантира дека направиле промени на моторот, во Тексас нивната предност која ја имаа цела сезона одеднаш ја снема, а Макс Ферстапен дури ги обвини Ферари дека „мамеле“, по што луто реагираше шефот на Ферари, Матија Биното.

Советникот на Ред бул, Хелмут Марко призна дека Ферстапен „претерал“, но исто додаде дека Мерцедес ја завршиле работата.

„Макс отиде малку предалеку и го знае тоа. Но, таа тема беше емотивна за него. Мерцедес направија истражување околу таа област на моторот, а ние имавме храброст да го побараме тоа официјално од ФИА“, вели Марко во интервју за „Спорт билд“.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф пак, изјави дека ако имало некое прекршување тоа било „нелегално“.

„Ако некој направил нешто за што мораше да се објаснуваат правилата со техничка директива, тогаш се работи за чист прекршок. Не зборуваме за искористување на ’сива’ зона“, вели Волф.

Scroll to Top