Top Sport

Дали Пеп беше „преплашен“ на „Енфилд“?

По 3:1 поразот на Манчестер сити од Ливерпул во можеби клучниот натпревар во борбата за титулата во Премиер лигата, Пеп Гвардиола беше гласен во критиките на ВАР системот, и повторно остана без победа на „Енфилд“.

Еден навивач на Ливерпул успеа да го „фати“ Каталонецот при влезот на славниот стадион и му посочи дека „изгледа многу исплашен“. 48-годишниот Гвардиола одговори со „извини“ бидејќи очигледно двапати не го слушна фанот и продолжи да си го мести шалот, пред да биде изненаден  од уште еден навивач кој бараше фотографија.  На крајот, тој си замина без да одговори на двајцата.

Со поразот, Сити падна на четвртото место на табелата и принза дека не може да вети дека ќе ги „фати“ Ливерпул со зборовите: „Не сум магионичар“.

Scroll to Top