Top Sport

Мерцедес ќе го користат подвижниот волан „за инает“ на Ред бул

Откако ФИА веќе му нареди на Мерцедес да ја смени шасијата околу нивните сопирачки по протестот на Ред бул, актуелните Ф1 шампиони инсистираат дека ќе го користат својот подвижен волан, таканаречениот ДАС систем на Австралиското ГП и покрај тоа што Ред бул најавија дека ќе вложат официјален протест ако се случи тоа.

Досега, сите изјави на ФИА посочуваат дека системот со кој се менува позицијата на предните тркала на болидот на Мерцедес се легални, но ривалите не се убедени и покрај јасната предност која ја има користењеот на системот.

„Сезоната само што започна и колку и да се работи за мала предност, неразумно е да се очекува ние да ја предадеме секоја предност на Ред бул и Ферари. Затоа, нашиот болид ќе го користи ДАС системот и покрај ризикот за протест“, изјави портпаролот на Мерцедес за германската публикација „Ауто мотор унд спорт“.

Ред бул преку ФИА го примора Мерцедес да направи промени на дизајнот на сопирачките

Мерцедес ги шокираа сите со „подвижниот“ волан на зимското тестирање (видео)

Scroll to Top