Top Sport

Једржејчик и Жанг добија медицински суспензии по најбруталната УФЦ борба (видео)

УФЦ фајтерките Џоана Једржејчик и Вејили Жанг добија медицински суспензии од еден месец по нивната брутална пресметка во октагонот во текот на викендот по што нивните лица останаа „изместени“.

По мечот во Лас Вегас во пет рунди, Жанг ја одбрани титулата, но двете завршија во болница, а посебно застрашувачки беше случајот со 32-годишната Једржејчик, која имаше страшно изместување на лицето и големи отоци.

Тие нема да можат да се врата на мечеви до 5 мај, а забранети им се и спаринзи до 22 април, иако им е дозволено да тренираат во вежбална и да прават кардио-вежби.

Scroll to Top