Преговорите помеѓу Мерцедес и седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон очигледно не одат добро, откако Британецот побарал повисока плата, а од тимот му понудиле само едногодишен договор.
Хамилтон од почетокот на 2021 е слободен возач, продолжувајќи ги преговорите со „Сребрената стрела“, но и тој и од тимот уверуваат дека ќе бидат заедно во новата сезона. Мерцедес ги отфрли шпекулациите за барањето на повисока плата како „чиста фантастика“, а сега холандскиот весник „Де Телеграф“ тврди дека има голем застој во напредокот.
Хамилтон би сакал да обезбеди повеќегодишен договор со Мерцедес, бидејќи така ќе се покаже сериозноста на тимот да го заддржи до крајот на сезоната, но во тимот би сакале да остават отворена опција за во 2022, така што дури се тврди дека Џорџ Расел од Вилијамс би бил евтино решение за тимот.