Мерцедес подготвиле неверојатен договор за актуелниот светски првак во Формула 1, Луис Хамилтон.
Британецот долго време размислува дали да го продолжи договорот со Мерцедес. Се шпекулира дека тој не ја исклучил можноста да се пресели во Ферари.
За да го задржат шампионот во своите редови од Мерцедес подготвиле понуда кој тој нема да може да ја одбие. Како што пишува „Сан“, Мерцедес на Хамилтон ќе му понудат три годишен договор „тежок“ 180 милиони фунти, односно 60 милиони фунти годишно.
Англичаните дури направиле и детална пресметка колку Хамилтон би заработувал 114 фунти секоја минута.
Инаку договорот на Хамилтон според кој тој заработува 40 милиони фунти годишно истекува на крајот од оваа сезона.