Top Sport

Мерцедес не се откажуваат, бараат казна за Ферстапен

Мерцедес потврдија дека ќе го искористат своето право за „преглед“, односно да протестираат за одлуката на стјуардите на ФИА да не го казнат Макс Ферстапен на Бразилското ГП за моментот кога тој го „истурка“ Луис Хамилтон од патеката.

Ова е епилог на контроверзите во трката, во која Хамилтон беше казнет поради нелегалното задно крило, односно ДРС системот на својот болид со губење на резултатот од петочите квалификации, а потоа и Ферстапен беше казнет 50.000 евра откако го допре крилото на Хамилтон по сесијата.

Германскиот тим и во текот на трката беше изненаден од одлуката на ФИА да не го казни Ферстапен за потегот, а додатни контроверзи донесе признанието на ФИА дека не ја прегледала снимката од болидот на Холанѓанецот. Ф1 денеска, официјално ја објави оваа снимка во која се гледа дека нема намерно менување на правецот во инцидентот, но германскиот тим смета дека мора да има казна.

Доколку Ферстапен добие, на пример казна од 5 секунди, ќе го загуби второто место од Валтери Ботас, и така разликата на Ферстапен пред Хамилтон во генерален пласман ќе падне од 14 на 11 поени. Не е јасно кога ФИА ќе ја разгледа ситуацијата и не се знае дали ќе има одлука пред Катарското ГП овој викенд.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф по неделната трка изјави дека сите „дипломатски“ работи ќе престанат, односно најави „војна“ во последните три трки, што е последен степен во влошувањето на односите меѓу двата лути ривали.

Scroll to Top