Top Sport

Мерцедес нема план Б

Тото Волф, првиот човек на Мерцедес, изјави дека тимот нема план Б во случај Луис Хамилтон да реши да ги напушти.

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон има договор до крајот на сезоната. Засега нема информаци дека двет страни започнале преговори околу новиот договор.

Во Мерцедес имаше надеж дека сето тоа ќе биде решено на почетокот на оваа година, но преговорите беа ставени на мирување со цел тимот и Хамилтон да се фокусираат на трките во сезоната 2023 година.

Засега нема јасна претстава какви се плановите на Луис Хамилтон по 2023 година и дали во 2024 година ќе вози за Мерцедес и доколку навистина реши да замине, кој ќе го замени.

„Мерцедес сака Хамилтон да остане, тоа не е тајна“, изјави Волф за магазинот „Аутоспорт“.

„Можеби ќе звучам наивно, но Мерцедес нема план Б ако замине Хамилтон. Планот А е мојот омилен план. Не сакам да разговарам со други возачи бидејќи сум задоволен од ситуацијата што ја имаме, ние сме заинтересирани само за Луис“, дополни Тото Волф.

Scroll to Top