Top Sport

Мерцедес се вратија во форма на вториот тренинг во Силверстоун

Валтери Ботас и Луис Хамилтон се вратија на врвот на вториот тренинг пред Британското ГП во Силверстоун, откако на првата сесија изненадувачки најбрз беше возачот на Ред бул, Пјер Гасли.

Ботас имаше 0.069 секунди предност пред својот колега Хамилтон, а веднаш зад нив беше Шарл Леклер во Ферари со 0.197 секунди послабо време. Фетел беше четврти, Гасли заврши на петтото место пред Лендо Норис во Мекларен и Макс Ферстапен во вториот Ред бул.

Scroll to Top