Top Sport

Де Телеграф: Де Лихт се договорил со Јувентус

Холандскиот весник „Де Телеграф“ тврди дека долгонајавуваниот трансфер на Матијс де Лихт од Ајакс во Јувентус е комплетиран и дека се чека само официјалната потврда.

Де Лихт нема да патува во Австрија на подготовки со Ајакс, откако Јувентус конечно се согласиле да платат 70 милиони евра без бонуси. Според весникот, „старата дама“ давала 50 милиони евра поради ветувањето кое го добил Холанѓанецот дека може да замине за таа сума дадено минатото лето.

Сепак, спортскиот директор Марк Овермарс се спротиставил на ова ветување, иако тоа било направено во  присуство на неговиот агент, Мино Рајола, таткото на фудбалерот и консултантот Бери Халсхоф. Поради оваа причина, Јувентус морале да ја кренат цената.

Де Лихт минатата сезона беше капитен на Ајакс и еден од клучните фудбалери на „копјаниците“, по што за неговите услуги беа заинтересирани и Барселона, кои сепак, не сакаа да ги исполнат финансиските барања на фудбалерот и неговиот агент.

Scroll to Top