Top Sport

Мерцедес, сепак, го ископираа Ферари и поставија ново крило

Иако се веруваше дека ќе им бидат потребни месеци за да развијат задоволителен концепт, Ф1 шампионите Мерцедес на вториот зимски тест од Ф1 на „Каталуња“ се појавија со ново предно крило.

В10 болидот се мачеше со предницата во текот на првите четири дена тестирање, а многумина сметаа дека нивниот дизајн на предното крило е голема „утка“ во споредба со иновативниот дизајн на Ферари (види линк подолу), шампионите веднаш направија промена.

Фотографиите покажуваат дека Мерцедес уште повеќе го „стеснија“ носот на болидот, и додоа делови за да се подобри протокот на воздух под и зад носот.

Мерцедес го „утнаа“ дизајнот, можна е целосна ревизија на предното крило? (галерија)

Scroll to Top