Top Sport

Лестер го потврдија Брендан Роџерс како нов менаџер

Лестер сити потврдија дека Брендан Роџерс е нивниот нов менаџер со договор до јуни 2022 година. Роџерс доаѓа од шкотскиот шампион Селтик, а претходно работеше и како тренер на Ливерпул.

Клод Пуел доби отказ во неделата по 1:4 поразот од Кристал палас, а во вторникот Селтик признаа дека му дале дозвола да замине во Лестер на преговори.

„Привилегија е да се работи како менаџер на Лестер сити и ќе го дадам мојот живот да ги направам навивачите горди на нивниот клуб. Заедно ќе бидеме посилни и ќе направиме чекор напред“, изјави Роџерс.

46-годишниот Роџерс претходно работеше со Свонси сити и Ливерпул, каде што за малку му избега титулата во 2013/14. Роџерс освои седум трофеи со Селтик, оставајќи го тимот од Глазгов на чекор од трета последователна домашна тројна титула.

Роџерс вечерва ќе биде во публиката на „Кинг пауер стадионот“ за мечот со Брајтон, а првпат на клупата ќе биде во недела против Ватфорд. Лестер се на 12. место во Премиер лигата.

Scroll to Top