Top Sport

Мерцедес склучија „примирје“ со Ферари, го оставија Ред бул „сам“!

Иако покрај Ред бул рејсинг беа први критичари на тајниот договор на Ферари со ФИА околу минатогодишниот мотор на италијанскиот тим, Ф1 шампионот Мерцедес се повлекува од критиките и прогласува „примирје“ со ривалите.

Минатогодишниот мотор на Ферари беше една од најголемите контроверзни точки на 2019 година, откако ривалите сметаа дека тие користат трик за зголемување на дотокот на гориво мамејќи ги сензорите, по што ФИА со две технички директиви го ограничи тоа и потоа одзеде два мотори на Ферари обидувајќи се да го објасни трикот.

Сепак, ФИА минатиот месец објави дека склучиле приватен договор со Ферари, не потврдувајќи дека се работи за прекршување на податоците. Седум тимови, предводени од Мерцедес и Ред бул протестираа со писмо до ФИА, но според последните вести, во овие тимови веќе не е шампионот.

Главната причина за ова е разговорот на претседателот на Ферари (и ФИАТ), Џон Елкан со членот на бордот на Дајлмер, Ола Калениус на кој се сложиле дека не е потребно нарушување на имиџот на Формула 1 и на главните производители.

Scroll to Top