Top Sport

Мерцедес упати жалба, ќе остане ли Ферстапен без победа во Австралија?

Холанѓанецот Макс Ферстапен победи на лудата трка на Големата награда на Австралија откако стартуваше од пол-позицијата, негова прва во Мелбурн. Актуелниот светски шампион славеше пред британскиот возач Луис Хамилтон на второто место и Шпанецот Фернандо Алонсо на третото место. Сепак, тоа можеби не е конечниот редослед на трката бидејќи Мерцедес упати жалба до ФИА.

Трката беше прекината и рестартирана трипати, имаше бројни инциденти, а Мерцедес се жалеше бидејќи сметаат дека Ферстапен погрешил на вториот рестарт на трката. На Твитер брзо се прошири видео кое го докажува тоа, Ферстапен очигледно не бил правилно поставен при рестартирањето, не бил на место и поблиску до стартната линија.

На последната трка за истото беа казнети Фернандо Алонсо и Естебан Окон, па Мерцедес веднаш побараа казна и за Ферстапен. Тоа би значело дека победата ќе му припадне на Хамилтон, додека возачот на Ред Бул значително ќе падне во поредокот.

Доколку нема казна и сѐ остане како што е, тоа ќе биде 37. победа за Ферстапен во кариерата, а со тоа ќе дојде само четири победи од успехот на легендарниот Бразилец Аиртон Сена на петтото место на вечната листа. Покрај тоа, 25-годишниот веќе има 80 пласмани на подиумот во кариерата.

Scroll to Top