Top Sport

Мерцедес веќе не се заинтересирани за Рикјардо?

Шефот на тимот на Мерцедес, Тото Волф се дистанцираше од можноста „Сребрената стрела“ да тргне по ѕведата на Ред бул, Даниел Рикјардо, бидејќи нема да размислува за возачи за 2019 подалеку од нивните тројца возачи – Луис Хамилтон, Валтери Ботас и Естебан Окон.

Договорите на Хамилтон и Ботас завршуваат на крајот на годината, исто како тој на Рикјардо со Ред бул, иако Хамилтон изјави дека ќе потпише продолжување на договорот и покрај одолговлекувањето.

Рикјардо од друга страна лани одби да потпише обнова со Ред бул бидејќи сака да види дали има можност да добие место во Мерцедес и Ферари. Волф вели дека тој не е во плановите на Мерцедес.

„Не гледаме на возачи надвор од Мерцедес во моментов, бидејќи прво мораме да ги подржиме нашите возачи, тоа е приоритетот. Ако си среќен со својата сопруга, не гледаш на друго место. Ние имаме две жени, или три ако го сметаме Окон, така што нема што да гледаме. По неколку трки, по почетокот на европската сезона, па ќе имаме подобар преглед на ситуацијата“, вели Волф.

Фото: ЕПА

Scroll to Top