Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер е сигурен дека Мерцедес имале намерен слаб тест во Бахреин, и дека „сребрената стрела“ ќе биде нивни главен конкурент за титулата во 2023 година.
На вчерашниот последен ден на тестирање, Луис Хамилтон заврши на 13. место, а Џорџ Расел беше 11-ти, по што според медиумите имало „непланиран кризен состанок“ на Мерцедес поради проблемите. Мерцедес се надеваат на големо подобрување од 2022, кога остварија само една победа и беа далеку зад Ред бул, но и зад Ферари во поголемиот дел од сезоната. Хорнер не верува дека постои криза кај ривалите.
„Тешко е да се каже каков е распоредот во моментов. Ферари изгледаат брзи, додека формата на Мерцедес е тешко да се прочита, бидејќи сигурно нешто кријат? Ќе видиме за една недела“, вели Хорнер.
Седумкратниот шампион Хамилтон призна дека тестот не поминал според планот.
„Имавме тешки ва дена тестирање, откако почнавме добро. Во моментов вибрациите кои ги имавме лани ги нема, што е голем чекор напред. Има одредени проблеми кои треба да ги решиме“, вели Хамилтон.
Новата Ф1 сезона почнува следниот викенд на истата патека Сакир во Бахреин.