Бразилското ГП ни донесе многу возбуди, неизвесни моменти и контроверзи, а од Мерцедес велат дека нема простор за уште едно по едно „сомнително“ видео кое се појави на социјалните мрежи.
Почнувајќи од казната на Луис Хамилтон за нелегален ДРС систем за „0.2 милиметри“ во петокот, па допирањето на задното крило на Мерцедес од страна на Макс Ферстапен, до тоа што Ферстапен не беше казнет поради истуркување на Хамилтон од патеката.
Сега, на ова се надоврзува интересното видео на социјалните мрежи во кое на болидот на Хамилтон се гледа како неговиот волан се движи, односно како се користи веќе забранетиот ДАС систем. Минатата сезона Хамилтон и Ботас со движење на воланот можеа да ја подесат позицијата на предните тркала, за подобро загревање на гумите, но ФИА го забрани тоа.
Мерцедес одговорија бргу: „Или се работи за оптичка илузија или некоја монтажа. Воланот и системот за управување се хомологизирани цела сезона. Сите други објаснувања се теории на заговор“.
Којзнае што друго ќе видиме до крајот на сезоната, до која да потсетиме има уште три трки.
DAS is no longer allowed but what happened here? Footage from Hamilton during Brasil 2021 pic.twitter.com/xE0Kpk55E8
— NeedForSpeedz (@ForSpeedz) November 15, 2021