Top Sport

Мерцедес не се подготвени да ги исполнат барањата на Хамилтон за десетгодишен договор

Иднината на Луис Хамилтон во тимот на Мерцедес повторно е неизвесна, откако шефовите на „сребрената стрела“ не се подготвени да ги исполнат барањата на седумкратнииот светски шампион, јавуваат англиските медиуми.

Иако шефот на Мерцедес, Тото Волф во јануари изјави дека нема никаква пречка за новиот договор на Англичанецот, речиси седум месеци подоцна, тимот не е подготвен да му даде повеќегодишен договор со гарантиран бонус на 38-годишниот Хамилтон, туку повеќе сакаат да се осигураат со едногодишен договор.

Главна пречка е барањето на Хамилтон за 10-годишен договор како амбасадор на брендот, за што бара 20 милиони фунти годишно, покрај платата која му е 27.5 милиони фунти годишно и бонус од 15 милиони фунти ако стане шампион, што е невозможна мисија по доминацијата на Макс Ферстапен и Ред бул.

Scroll to Top