Седумкратниот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер е прогласен за највлијателниот човек во историјата на спортот по гласањето на фановите на официјалната веб-страница на Ф1.
Резултатот е откриен денеска, на 70-годишнината од првата трка од Светскиот шампионат во Формула 1 во Силверстоун во 1950 година.
Великанот на Ферари, Шумахер, кој не е виден во јавноста по сериозните повреди на главата кои ги доби при пад на скијање во декември 2013 година, освои 61 отсто од гласовите во „финалето“ против долгогодишниот шеф на спортот, Берни Еклстоун. Германецот има рекорден број на титули (7) и победи (91), иако шесткратниот шампион Луис Хамилтон е блиску до двата рекорди.
Во претходните „рунди“ тој ги победи шампионите Ники Лауда, Аиртон Сена и Хуан Мануел Фанџо, како и основачот на Ферари, Енцо Ферари.
We started with 32, and we're left with 1⃣
Read the full story on *another* Michael Schumacher win#F1https://t.co/blyNLfmhVa
— Formula 1 (@F1) May 13, 2020