Top Sport

Михаел Шумахер на операција со срцеви клетки

Михаел Шумахер ќе оди на нова операција, тврди италијанскиот таблоид „Контро копертина“, во уште една процедура на трансфузија на срцеви клетки кај кардиохирургот Филип Менаш, кој наводно и минатата година му направил иста процедура.

„Целта е да се регенерира нервниот систем на Михаел со тие клетки“, изјавил Менаш.

Според неврохирургот Никола Ачари, поранешниот возач на Ферар и Мерцедес и седумкратен светски шампион страда од атрофија на мускулите и од остеопороза (болест на коските).

„Во последните 20 години, науката направи огромен прогрес во полето на третмани со матични клетки, но тоа не го менува фактот дека уште знаеме многу малку за човечкиот мозок. Не знаеме какви ќе бидат резултатите од овој третман“, вели Ачари.

51-годишниот Германец не е појавен во јавноста откако доби сериозна повреда на мозокот при пад на скијање во декември 2013 година, по што беше во кома. Неговото семејство го пресели Шуми во нивниот дом во Швајцарија, каде што досега успешно се борат со сите папараци и новинари кои сакаат да добијат ексклузивни фотографии од легендата.

Scroll to Top