Top Sport

Мик Шумахер ќе биде резерва во Ферари

Мик Шумахер наредната сезона ќе биде резервен возач на Ферари. Синот на Михаел Шумахер, оваа функција паралелно ќе ја обавува со улогата која ја има во тимот на Хас. Мик Шумахер и Никита Мазепин и наредната сезона ќе ја сочуваат возачката постава во Хас.

Улогата на резервен возач на Ферари, Мик Шумахер ќе ја дели со Антонио Џовинаци. Поранешниот возач на Алфа Ромео ќе биде резерва на 12 трки во сезоната, а Шумахер на преостанатите 11, односно кога Италијанецот ќе има обврски во Формула Е.

Резервата треба да го замени редовниот возач доколку тој не е во можност да настапи во трката.

Доколку се случи Шумахер да мора да вози за Ферари, неговото место во Хас ќе го заземе, Пјетро Фитипалди.

Scroll to Top