Top Sport

Мик Шумахер може да дебитира во Ф1 оваа сезона?

Мик Шумахер, 21-годишниот син на седумкратниот Ф1 шампион Михаел Шумахер, може да дебитира во Формула 1 многу побргу од очекувањата, тврдат германски извори.

Официјално, Мик ќе продолжи со постепениот развој во кариерата, со уште една цела Формула 2 сезона во 2020, но поранешниот Ф1 возач, Ник Хајдфелд вели дека тоа може да се смени набргу, со можност Алфа Ромео, тим поврзан со Ферари, да му даде шанса заз некоја трка.

„Доброто кај семејството Шумахер е што тие знаат точно што е потребно да направат за да не влезе во Формула 1 пребргу. Меѓутоа, Кими Раиконен набргу може да оди во пензија, додека Антонио Џовинаци овојпат не се покажа како најсилен возач, така што млад возач како Мик би имал шанса да добие место во 2021, а веќе во 2020 да вози на некоја трка. Ако завршува добра работа во Ф2, а Џовинаци продолжи како досега, тогаш во средината на сезоната можно е да се направи тој голем чекор“, вели Хајдфелд.

Scroll to Top