Top Sport

Мик Шумахер сакаше борба со Раиконен, денеска се судрија!

Пред неколку дена, на прес-конференцијата пред Бразилското ГП, Мик Шумахер, тркачот на Хас Ф1 и син на легендарниот седумкратен шампион, Михаел Шумахер, изјави дека му е жал што Кими Раиконен оди во пензија на крајот на сезоната бидејќи немал многу шанси да се трка со човекот кој се тркаше и со неговиот татко.

Финскиот ветеран изјави дека ќе може да успори на некои трки за да може да се случи тоа, и вечерва во Сао Пауло тоа му се освари – двајцата имаа судир, по кој и покрај истрагата на стјуардите останаа без казна.

Scroll to Top