Top Sport

Мик Шумахер во академијата на Ферари

Мик Шумахер, син на легендарниот шампион Михаел Шумахер, ѝ се приклучил на возачката академија на Ферари, објавија британските медиуми повикувајќи се на извори блиски до италијанскиот тим.

Мик Шумахер, кој пред помалку од два месеци, во тимот Према рејсинг е прекомандуван од Формула 3 во Формула 2, требало да има две тест возења за Ферари. 19-годишникот на овој начин ќе тргне по стапките на славниот татко, кој пет од своите седум титули во Формула 1 ги освои како возач на Ферари.

Од италијанскиот тим досега нема официјална потврда дека Мик Шумахер ќе биде дел од нивната академија.

Scroll to Top