Top Sport

Милер ја доби својата кривина на „Филип Ајленд“

Возачот на Дукати, Џек Милер, доби големо признание во татковината. Четвртата кривина на патеката „Филип Ајленд“, во иднина ќе го носи неговото име.

Свечената церемонија се одржа во саботата, помеѓу третиот тренинг и квалификациите пред Големата награда на Австралија. Претходно свиокот беше познат како „Хонда кривината“.

Милер присуствуваше на церемонијата, заедно со неговите родители и сопругата Руби, а првиот човек на Дорна, Кармело Еспелета и легендарниот Мик Дуан беа меѓу првите кои му честитаа на Австралиецот.

Промената значи дека патеката на „Филип Ајленд“ започнува со правецот Гарднер, кривината Дуан е пред „јужната јамка“ и кривината Стонер, а потоа се доаѓа до свиокот Милер.

Австралиецот во досегашниот дел од кариерата оствари 10 победи и уште 22 пати се најде на подиумот. На три трки пред крајот на сезоната тој се уште е во игра за титулата, но заостанува 40 бода зад Фабио Квартараро, а 38 зад неговиот тимски колега Франческо Бања.

Милер ќе ја започне неделната трка на домашен терен од осмото место, а трката за ГН на Австралија започнува во пет часот по средно-европско време.

Џек Милер ги вози последните трки во Дукаи, од следната сезона ќе биде во тимот на КТМ.

Scroll to Top