Џек Милер ја освои пол-позицијата (1:31.899 минути) во пресрет на утрешната трка во Мисано. Ова е прва пол-позиција за Милер по 2018 година, кога од првото место ја започна трката во Аргентина. Квалификациите, на патеката во Сан Марино, минаа во уште една доминација на возачите на Дукати.
Покрај Милер, кој најдобро се снајде на влажната патека, второто место го освои неговиот колега од Дукати, Пеко Бањаја. Сепак, поради казната што ја доби, Бањаја трката ќе ја за започне од петтата позиција.
Зад двајцата возачи од фабричкиот тим на Дукати се пласираа Енеа Бастијанини, Марко Бецеки, Маверик Вињалес, Жоан Зарко и Лука Марини.
Лидерот во генералниот пласман, Фабио Квартараро ќе стартува како осми.
Трката во Мисано, во недела, ќе започне во 14 часот.