Формула 1 тимот на Форс Индија ќе излезе од стечај, откако група инвеститори предводени од канадскиот милијардер Лоренс Строл со конзорциум инвеститори се договори со сегашната управа на тимот.
Иднината на тимот од Силверстоун повеќе месеци беше под закана по финансиските проблеми на ко-сопственикот Виџај Малја, пред под водство на советници, мексиканскиот возач на тимот, Серхио Перез и неговиот менаџер, заедно со спонзорите „БВТ“ и партнерот Мерцедес да не поднесат барање за стечај под британските закони минатиот месец. „ФПР Адвајзори“ компанијата бараше нов сопственик и сега објави дека има договор со кој се обезбедува иднината на тимот.
Канаѓанецот Строл е татко на тркачот на Вилијамс, Ленс Строл, и тој се договори со генералниот директор на тимот, Отмар Шафнауер да се дозволи преземање на тимот во групација во која се наоѓаат и бизнисменот Андре Десмарес, модниот могул Џон Ајдол и финансискиот експерт Мајкл де Пичиото.
Со ова решение, тимот излегува од стечај, сите долгови се платени, и најважно сите 405 вработени во тимот се задржани на работа.
„Со ова се обезбедува иднината на тимот на Форс Индија и исполнувањето на нашиот потенцијал“, изјави Шафнауер.
Форс Индија се на шесто место во генерален пласман со Перез и возачот на Мерцедес, Естебан Окон во тимот, но договорот сигурно ќе значи и обезбедено место за 19-годишниот Ленс Строл, откако Вилијамс има катастрофални резултати оваа сезона. Таткото Строл претходно помогна Ленс да стане Ф3 шампион во 2016 и да добие место во тимот на Вилијамс.