Top Sport

Милионите не се одбиваат – Мазепин го заддржа местото во Хас

Единствениот американски Формула 1 тим, Хас, потврди дека Русинот Никита Мазепин ќе остане возач на тимот во 2021 година и покрај критиките кои синот на милијардерот Дмитриј Мазепин за контроверзното видео кое тој го објави во која непристојно допира еден модел во автомобил во Дубаи.

„Хас Ф1 сакаат да потврдат дека Никита Мазепин и Мик Шумахер ќе го формираат возачкото партнерство за 2021 година. Како што беше најавено во претходните изјави околу Никита Мазепин, работите се средени внатре во тимот и нема да има дополнителни коментари“, се вели во соопштението на тимот.

Синот на милијардер и нов Ф1 возач, Мазепин во скандал со непристојно „пипкање“

Scroll to Top