Top Sport

Мото ГП го обајви календарот – по две трки во Херез, Австрија, Италија…

Мото ГП шампионатот го објави календарот за актуелната сезона која беше прекината поради коронавирусот. Сезоната во класите Мото 2 и Мото 3 започна во март, во Катар, додека сезоната 2020 во „кралската класа“ ќе започне во Херез на 19 јули.

На 19 јули во Херез ќе се вози Големата награда на Шпанија, а една недела подоцна на истата патека на програмата ќе биде Големата награда на Андалузија.

Потоа следува трката во Брно, па две трки во Шпилберг, Австрија, односно Италија, па потоа следуваат трките во Барселона и Ле Ман. По трката во Франција ќе се возат две трки во Арагон и Валенсија.

Втората трка во Валенсија е закажана за 15 ноември.

Мото ГП и Дорна оставија простор да бидат одржани трките во Остин, Аргентина, Тајланд и Малезија.

Тие трки ќе се возат доколку бидат овозможени патувања надвор од европскиот континент.

Scroll to Top