Top Sport

Мото ГП: Маркез го помина Дуан со својата 59. пол-позиција!

Светскиот шампион на Хонда, Марк Маркез стигна до доминантна пол-позиција на Австриското ГП на патеката Ред бул ринг, за да го сруши рекордот на легендарниот Австралиец Мик Дуан по бројот на пол-позиции во елитната класа.

Пол-позицијата број 59. на Шпанецот беше поставена со нов рекорд на патеката, откако кругот од 1:23.027 го надмина времето на Андреа Јаноне од 2016 година. Покрај него во првиот ред ќе бидат и Французинот Фабио Квартараро на Јамаха со 0.434 секунди послабо време и Италијанецот Андреа Довициозо во Дукати со 0.488 заостанување.

Маверик Вињалес ќе стартува како четврти, а во топ 10 се и Франческо Бањаја (Дукати), Такаки Накагами (Хонда), Алекс Ринс (Сузуки), Џек Милер (Дукати), Кал Крачлоу (Хонда) и како десетти, ветеранот Валентино Роси (Јамаха).

Scroll to Top