Top Sport

Мото ГП победата на Дукати во Катар останува „условна“

Андреа Довициозо ќе дознае до крајот на март дали ќе ја заддржи победата од првата трка од сезоната, Катар ГП, откако четири ривалски тимови се жалеа за легалноста на неговиот мотоцикл на Дукати.

Светската мотоциклистичка федерација (ФИМ) објави дека Апелациониот суд на Мото ГП ќе направи одлука пред Аргентинското ГП на 31 март, откако фабричките тимови на Хонда и Сузуки, заедно со производителите Априлија и КТМ, протестираа за уредот на рамот на Дукатито на Довициозо, неговиот колега Данило Петручи и на Австралиецот Џек Милер од сателитскиот Прамак Дукати.

Причината за несогласувањата е крилцето пред задното тркало на Дукати, за кое италијанскиот производител тврди дека е таму за ладење на гумата, но ривалите сметаат дека се работи за аеродинамички уред. Стјуардите на Мото ГП ја отфрлија жалбата во неделата, но тимовите се жалеа пред ФИМ.

Довициозо го победи актуелниот шампион во Репсол Хонда, Марк Маркез за само 0.023 секунди по трилер-трка во пустината.

Scroll to Top