Top Sport

Мото ГП возачите не успеаја да „извојуваат“ поран старт на сезоната

Катар ГП трката, првата од новата Мото ГП сезона ќе остане според закажаниот распоред, откако возачите не успеаја да издејствуваат промена поради подобрена безбедност.

Стартот на трката во Лосаил е поместена за еден час подоцна во споредба со 2018 година, и возачите не се согласуваа ова поради условите на патеката толку доцна во вечерта. По состанокот на Безбедносната комисија, сепак, предлогот не успеа и трката ќе стартува според распоредот во 20.00 часот по локално време (18.00 часот по македонско време)

„Температурата на патеката е 17-18 степени во 20 часот, и на тестирањето имаше 12 судири по 20 часот и нормално дека сакавме тоа да се смени. Сите ја сакаме трката во Катар, но ако нешто се случи нема да имаат луѓе на подиумот“, вели Британецот Кал Крачлоу.

Scroll to Top