Top Sport

Мото2 лудило – Фенати се обиде да му ја грабне сопирачката на Манци! (видео)

Мото2 возачот Романо Фенати доби дисквалификација од трката во Мизано и може да биде дополнително казнет во неверојатен инцидент во кој тој се обиде да ја грабне сопирачката на ривалот Стефано Манци!

Двајцата Италијанци прво дојдоа во конфликт откако Манци се обидуваше да го помине Фенати во борба за 12. место, и двајцата излегоа од патеката и загубија неколку позиции. Тие останаа на патеката заедно додека Манци не излета на 10. кривина по допирот до Фенати, кој потоа беше дисквалификуван.

Ова не е првпат Фенати, еднаш сметан за нова Мото ГП ѕвезда, да биде поврзан со контроверзи на патеката. Во 2015 година на загревањето за Мото3 трката тој го шутна ривалот Никлас Аџо, по што беше отпуштен од ВР46 програмата на Валентино Роси за 2016 година.

Scroll to Top