Top Sport

Бендтнер му скршил вилица на таксист во Копенхаген!

Напаѓачот на Розенборг, „Лордот“ Никлас Бендтнер е обвинет со напад на таксист во Копенхаген во неделата, објавија локалните медиуми.

„Имаше сериозен напад на еден од нашите возачи минатата вечер. Возачот е на операција поради скршената вилица, а напаѓачот е пријавен во полиција“, изјави Расмус Крочин, директорот на „Дан такси“ компанијата.

Бендтнер е поранешен напаѓач на Арсенал, каде поради својата неефикасност, но самоувереност на теренот доби прекар „Лорд“, а од 2014 година кога замина од „топчиите“ не е во најдобра форма. Тој прво играше во Волфсбург, каде што во две години играше 47 натпревари и постигна девет гола, пред во септември 2016 да се приклучи на Нотингем Форест во втората англиска лига, каде што во 17 натпревари постигна два гола.

На крајот тој заврши во Розенборг во март 2017 година, и во 71 меч постигна 32 голови, а двапати ја посети и Македонија со својот клуб, прво лани во Лига Европа против Вардар, а потоа и против Шкендија оваа сезона во баражот за пласман во ЛЕ.

Scroll to Top