Легендарниот белгиски мотоциклист, Ерик Геберс (55), смртно настрадал обидувајќи се да го спаси своето куче.
Геберс се удавил кога скокнал во езеро Мирамар за да го спаси кучето, кое минатата недела му го подарила сопругата.
We woke up to reports that multi-time FIM Motocross World Champion and all-time great Eric Geboers, 55 years old, is missing following a boating mishap near Mol, Belgium. https://t.co/w464Un3nWt
— Racer X (@racerxonline) May 7, 2018
Очевидци разкажале дека несреќниот Геберс започнал да се дави веднаш по влегувањето во водата, се обиделе да го спасат, но не успеале. Телото на мотоциклистот било пронајдено ден подцна.
Гебер, е легенда во мотокросот. Тој е првиот во историјата што станал светски првак во класите до 125, 250 и 500 кубни сантиметри. Во кариерата пет пати бил светски мотокрос шампион.