Top Sport

Ибрахимовиќ: Меси и јас? Нема разлика, Лига на шампиони гледаме на ТВ

Поранешниот шведски репрезентативец, Златан Ибрахимовиќ, неодамна кариерата ја продолжи во САД, во екипата на ЛА Галакси. Во Лос Анџелес тој пристигна до Манчестер јунајтед. Ибрахимовиќ со ЛА Галакси потпиша двегодишен договор.

Веднаш по доаѓањето во Лос Анџелес, Ибрахимовиќ, стана вистинска атракција. Постигна спектакуларен гол на дебито, а со своите изјави знае добро да го насмее Американците.

Пред неколку дена, во негов стил, одговорил на новинарско прашање, која е разликата помеѓу него и Лионел Меси.

„Не постои разлика помеѓу мене и Меси. Двајцата Лигата на шампиони ја гледаме на телевизија“, рекол поранешниот играч на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Scroll to Top