Top Sport

„Можеме само да се надеваме дека на Шумахер ќе му биде подобро“

Првиот човек на ФИА, Жан Тод е еден од ретките кои јавноста ја информира за задравствената состојба на Михаел Шумахер. Тод беше шеф на Ферари во периодот кога Шумахер доминираше во Формула 1.

Михале Шумахер, пред осум години, на скијање во француските Алпи, се здоби со тешки повреди на главата. Од тој 31.декември 2013 година, до денес, јавноста не знае речиси ништо за неговата здравствена состојба.

Жан Тод е еден од ретките на кого вратите на семејниот дом на Шумахер му се отворени.

„Можам да разберам зошто неговото семејство и пријателите сакаат да го заштитат. Треба да му ја почитуваме приватноста. Михаел се бори, можеме само да се надеваме дека ќе му биде подобро“, рекол Тод.

Првиот човек на ФИА им потврдил на новинарите дека останува кај Михаел и по неколку часа.

„Ако е тука Корина, тогаш вечераме заедно, ако таа не е тука тогаш сум со него, но…“, рекол Тод и одбил да одговори на следното прашање.

„Дали Шумахер ве препознава“.

Во септември „Нетфликс“ го објави документарниот филм за Михаел Шумахер. Ниту филмот не открива каква е здравствената состојба на седумкратниот светски првак.

Scroll to Top