Колку и да звучи апокалиптично за фановите на авто-мото спортот, наскоро може да се случи целосна забрана на сите трки во Европската Унија.
Ова доаѓа откако во 2014 година, Европскиот Суд одлучи дека секое возило во унијата мора да добие осигирување, со што сите членки на ЕУ ќе мораат да обезбедат закони за осигурување од трето лице за сите натпреварувачи во авто-мото трките, без разлика дали тие се под управа на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) или Светската мотоциклистичка федерација (ФИМ).
Осигурувањето за тркачките автомобили и мотоцикли засега не е достапно, и тешко дека ќе биде достапно, што значи дека авто-мото спортот може да биде елегантно забранет во ЕУ. Единствена опција за „избегнување“ на ова осигурување е таканаречената „опција 3“, со која ЕУ би дозволила осигурувањето да биде задолжително само за „возила кои се движат во обичен сообраќај“.