Top Sport

На аукција легендарното Дукати на Ники Хејден

На престижната аукција на „Сотбис“ во Монтереј овој викенд, ќе биде понуден „Дукати Десмоседичи ГП8“ од 2008 година, во специјална ливреја со мотиви од знамето на Соединетите Американски Држави, управуван од легендарниот Ники Хејден.

Моторот, кој моментално е во „шоу мотор“ состојба би можел да се врати на патеката со соодветните делови.

Тоа е уникатен примерок од инвентарот на моделите ГП7 и ГП8, со компоненти набавени директно од фабричкиот тим на Дукати во 2010 година.

Хејден го тестираше овој мотор веднаш по завршувањето на сезоната во Мото ГП во 2008 година, пред да премине од Хонда на Дукати и да формира силен тандем со Кејси Стонер.

Овој модел носи дополнителна доза на историско значење, нема ознаки на спонзор бидејќи се користел во преодниот период помеѓу заминувањето на Хејден од Хонда и неговото доаѓање во Дукати, што го прави уште попривлечен колекционерски предмет денес.

Рамката на мотоциклот е изработена во јули 2008 година, а има и нов, неискористен блок на моторот и резервоар за гориво користен за трки.

Аукциската куќа очекува голем интерес, особено кај фановите на „Кентаки Кид“ кој трагично загина во 2017 година.

Scroll to Top