Top Sport

На Џорџ Расел веќе му е ветено местото на Ботас во Мерцедес

Според повеќе германски медиуми, Тото Волф веќе го информирал возачот на Вилијамс, Џорџ Расел дека ќе го замени Валтери Ботас следната година во тимот на Мерцедес.

Шпекулациите околу иднината на Ботас се појавија уште минатата сезона кога младиот Британец Расел го замени Хамилтон на трката во Бахреин, а откако оваа сезона Ботас повторно не успеа да импресионира, промената изгледа поизгледна.

Според вестите од Германија, Волф веќе се јавил кај менаџментот на Расел, иако шпекулациите велат дека Луис Хамилтон не е воодушевен од оваа идеја. Доколку тоа се случи, опциите на Ботас за 2022 се минимални, бидејќи повеќето возачи во спортот имаат повеќегодишни договори.

Расел на шпекулациите одговори дека очекува брза разрешница на иднината.

„Мислам дека е вообичаено да се знае каде ќе возиш пред летната пауза. Тоа е во најдобар интерес за сите“, изјавил Расел за „Аутоспорт“.

Scroll to Top