Top Sport

На Ферстапен му е доста од гасовите на Рикјардо

Запрашан какво влијание има постариот и поискусен колега од Ред бул, Даниел Рикијардо, Макс Ферстапен знаеше што точно да посочи.

„Навистина лошо влијание. Тој само пушта гасови. Во нашата гаража секогаш мириса толку лошо“, изјави Ферстапен.

Сепак, кога беше прашан посериозно да ги објасни односите во тимот, младиот Холанѓанец беше подобро настроен кон колегата.

„Даниел е фантасатично момче. На патеката секогаш го даваме најдоброто за да се победиме, но надвор од патеката е забавно. Се почитуваме и искрено не сум почуствувал такво партнерство во тркањето. Се надевам дека ќе бидеме колеги подолго време“, вели Ферстапен.

За да се случи ова, Рикјардо треба да „престане“ со чекањето и да потпише обновување на договорот кој му завршува на крајот на 2018, меѓутоа за Австралиецот се заинтересирани и Мерцедес и Ферари, така што ќе видиме дали ќе му се оствари желбата на Ферстапен да продолжи да ги мириса гасовите на колегата.

Scroll to Top