Top Sport

На Гасли му се заканува отказ на сред сезона во Ф1

Пјер Гасли е најголемото разочарување во првиот дел од сезоната во Формула 1, па се зголемуваат гласините дека ќе го изгуби своето место кај Ред Бул пред последната трка во Абу Даби.

Францускиот 23-годишен возач од Торо Росо беше промовиран во Ред Бул, но шефовите не се усреќија со тој потег.
Уште на зимските тестирања разочара кога го разби болидот и ја уништи можноста за негово развивање во Барселона, а потоа продолжи со очајните квалификации во Мелбурн, исто како што беше и настапот во трката за Големата награда на Австралија.

Гасли имаше само еден светол момент кога на Силверстоун заврши пред клупскиот колега Макс Ферстапен.
Во Будимпешта пак по старо, заврши речиси цел круг за тимскиот колега, а „Биковите“ почнаа да го губат трпението со него.

„Не смееме да се наттркуваме со Заубер и Мекларен, треба то да го правиме со Мерцедес и Ферари. Проблем е што не е во борбата за врв. Тоа нам посебно ни штети во поредокот кај конструкторите“ изиави Кристијан Хорнер.

Иако од екипата потенцираа дека немаат намера да ја менуваат возачката постава до крајот на сезоната, се повеќе се шират гласини дека летово Гасли е пред отказ. Најверојатно, како можни замени се споменуваат Фернандо Алонсо и Данил Квјат.

Scroll to Top