Top Sport

Шокантна трка – Довициозо на последниот свиок го претекна Маркез за победа (видео)

Италијанскиот возач Андреа Довициозо е победник на 11-тата мото трка во Мото ГП, за Големата награда на Австрија.
Довициозо на „дукати“ на спектакуларен начин стигна до победата. Италијанецот буквално на последниот свиок го претекна актуелниот шампион, Шпанецот Марк маркез на „хонда“.

На тој начин Довициозо за себе си ја обезбеди четвртата победа во низа на трката што се вози во Австрија, а противникот го оневозможи да дојде до својата прва победа на патеката на која до сега единствено немал триумф.

Третата позиција му припадна на Французинот Фабио Квартараро.

Довициозо го намали заостанувањето зад Маркез во генералниот пласман на 58 бода.

Scroll to Top