Top Sport

На Хамилтон не му е гајле за 2023, веќе мисли на следната сезона

Луис Хамилтон признава дека „не му е гајле“ каде ќе заврши во генерален пласман оваа сезона, инсистирајќи дека е фокусиран на 2024 година. Седумкратниот светски шампион со својот Мерцедес заостанува фантастични 134 поени зад Макс Ферстапен во Ред бул, и не може да се очекува дека ќе се врати во борбата за титулата.

„Лани беше многу, многу тешко. Не можам да ви опишам со зборови колку беше тешко за сите во Мерцедес. Болидот беше… Не можам да најдам зборови и работата која ја завршивме минатата зима беше одлична и затоа направивме чекор напред. Имавме добри резултати, но се работи за минимални подобрувања да направиме вистински тркачки болид. Навистина не ми е гајле каде ќе завршам оваа сезона. Фокусиран сум на тоа да имаме добри информации за развој на тимот за да бидеме брзи од првата трка следната година“, вели Хамилтн, кој ја вози својата 17-та сезона во Ф1.

Scroll to Top