Top Sport

Алкараз сигурен дека може да го победи Ѓоковиќ: Јас сум подготвен!

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз го предупреди фаворитот Новак Ѓоковиќ дека има целосна доверба дека може да ја сопре неговата победничка серија на Вимблдон во неделното финале.

Алкараз покажа импресивна игра да го декласира Данил Медведев во три сета за да стигне до своето прво финале на Вимблдон, каде што ќе се судри со човекот кој освои 23 гренд слем титули и кој го победи во полуфиналето на Ролан Гарос минатиот месец. Аларказ, кој призна дека неговиот татко ги снимал тренинг-сесиите на Ѓоковиќ за анаализа, вели дека има доволно сила против 36-годишниот ветеран.

„Сите знаеме каква легенда е тој. Ќе биде многу, многу тешко, но ќе се борам. Верувам во себе и во тоа дека можам да го победам. Тој нема пораз на ‘Централниот терен’ од 2013 година и тоа е виситински предизвик, но верувајте добро сум подготвен. Сонувам одамна за финале на Вимблдон и посебно е што е против Новак. Финалето не е време да се плашиш, да бидеш уморен, туку да ја оствариш својата шанса“, изјави Алкараз.

Scroll to Top