Болидот на седумкратниот светски првак Михаел Шумахер „Ферари Ф300“ е ставен на продажба со цена од 4.900.000 долари.
Легендарниот Германец со овој болид во 1998 година, победи на Големата награда на Унгарија, откако успеа да надомести 25 секунди во последните 19 кругови.
Овој болид го возел и на последната трка во шампионатот, Големата награда на Јапонија, кога победи Мика Хакинен.
Инаку ова не е најголема сума што ќе биде платена за еден Ф1 болид. Ферарито на Шумахер „Ф2001“, пред пет години беше продаден за 7.500.000 долари.