Двократниот светски шампион Макс Ферстапен има проблем да го регистрира својот нов бренд на облека „Макс 1“ поради жалбата од гигантот „Најк“, објавуваат холандските медиуми.
Според весникот „Де лимбургер“, обидот на Ферстапен да го регистрира брендот во Холандија, бил пречекан со жалба од „Најк“ кои сметаат дека името ваквиот бренд е преблизок до името нивните „Ер Макс“ патики и може да донесе до забуна кај купувачите, кои би помислиле дека постои врска помеѓу брендовите.