Top Sport

Халанд ќе го сруши рекордот во Премиерлигата со плата од 500.000 фунти неделно!

Манчестер сити ќе му понудат на Ерлинг Халанд нов обновен договор со неделна плата од невројатни 500.000 фунти во обид англискиот клуб да го заддржи на „Етихад“ по интересот на Реал Мадрид, тврди британскиот „Сан“.

22-годишниот Норвежанец, кој има 42 гола за Сити оваа сезона, има договор со англискиот клуб до 2027 година, но Сити сака му го продолжи договорот за дополнителна сезона и да му даде повисока плата, највисока во Премиерлигата.

Халанд во моментов заработува 375.000 фунти неделно, со што е израмнет со најдоброплатените фудбалери во Премиерлигата – неговиот соиграч Кевин де Брујне и голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа.

Scroll to Top